По двете победи во воведните две кола, македонската јуниорска репрезентација денеска ја очекува исклучително тешка задача против Чешка со кого го делеше првото место пред третото коло. Натпреварот се игра од 18:30 часот во СРЦ „Кале“, а победникот ќе може да го прослави пласманот во четвртфиналето од Европското првенство Б-дивизија.


