По двете победи, кадетската репрезентација на Македонија денеска го игра можеби најтешкиот меч од групната фаза на Европското првенство Б-дивизија во Скопје. Противник е Естонија која, како и ние, има 2/0 што значи дека ова е директен дуел за првото место во групата. Натпреварот се игра од 18:30 часот во СРЦ „Кале“.


