Младинската репрезентација на Македонија денеска игра за својата чест на Европското првенство во Полска бидејќи уште вчера стана јасно дека догодина повторно ќе игра во Б-дивизијата. Последен противник е Црна Гора, натпреварот се игра во 11 часот, а единствената амбиција на нашите кошаркари е да го избегнат последното место.


