По убедливиот триумф против Украина во првото коло, македонската кадетска репрезентација денеска се среќава со Шведска во уште еден исклучително важен меч за пласман во четвртфиналето од Европското првенство Б-дивизија во Скопје. Евентуален триумф денеска, широко ја отвора вратата на нашата селекција кон нокаут фазата бидејќи потоа во следните две кола ќе биде потребна само уште една победа. Натпреварот меѓу Македонија и Шведска се игра во СРЦ „Кале“ од 18:30 часот.


