Со дуелот против Белгија, младинската репрезентација на Македонија ја завршува групната фаза од Европското првенство. По двата убедливи порази, од Шпанија и Турција, нашите кошаркари се со само теоретски шанси да ја избегнат последната позиција во групата, но евентуален триумф секако ќе има големо значење за натамошниот дел од шампионатот. Дуелот меѓу Македонија и Белгија почнува во 18 часот.


