Дури во четвртото коло, МЗТ Скопје првпат ќе игра на домашен терен во рамките на домашното кошаркарско првенство бидејќи во претходните три меча беше гостин на Шкупи, Пелистер и Работнички. Сепак, на овој меч шампионот нема да има поддршка од навивачите затоа што доби казна по инцидентите на дербито со Работнички минатата недела. Натпреварот во „Јане Сандански“ се игра од 17:30 часот.


