Дуелот меѓу Охрид и Еуро Никел е пресметка на две екипи со различни амбиции. Охриѓани се во грчевита борба за опстанок, а Еуро Никел, по двата пораза во низа, ќе се обидат да се вратат во победнички ритам и да останат во игра за второто место. Натпреварот во Охрид се игра од 18 часот.


