Претпоследното коло од плејаут лигата почнува со дуелот меѓу Охрид и Кожув. Гостите веќе го обезбедија опстанокот, додека Охрид нема право на кикс, а лошо за овој тим е што не зависи ништо од него, па дури и со триумф денеска, може да се врати во Втората лига. Натпреварот во „Билјанини извори“ се игра од 16 часот.


