По триумфот на Гостивар против Кожув, јасно е дека Охрид ќе игра во плејаутот, но и покрај тоа, секој натпревар е важен во борбата за опстанок, со оглед на тоа што бодовите се пренесуваат. ТФТ до саботата беше во Широки Бријег каде настапи на последниот турнир од АБА 2 лигата, па ќе се обиде да го поправи впечатокот што го остави таму. Натпреварот во Охрид се игра од 17 часот.


