Еден од дерби-дуелите на колото е мечот меѓу Пелистер и Чаир кој е директна пресметка за третото место на табелата. Чаирчани се наоѓаат во одлична форма, а Пелистер ќе треба да најде начин да им ја прекине серијата и да остане во игра за повисок пласман. Натпреварот во Битола почнува во 18:30 часот.


