По убедливиот триумф во саботата, Пелистер денеска ќе се обиде да направи уште еден голем чекор кон полуфиналето од плејофот. Еуро Никел е под императив да победи бидејќи само така ќе избегне три „меч-топки“ на противникот. Натпреварот во Битола се игра од 18:30 часот.


