Најголемото дерби на второто коло, можеби и на сезоната, се игра вечерва во Битола каде се среќаваат актуелниот вицешампион и шампион на Македонија. Пелистер ќе се обиде да ја прекине серијата од пет порази во дуелите со МЗТ Скопје и барем делумно да се одмазди за последните неуспеси во дерби-пресметките. Мечот во Битола почнува во 18:30 часот.


