Со 11 победи во низа, Работнички влегува во последниот натпревар од основниот дел на сезоната во кој за противник ќе го има Гостивар. Тимот од Градски парк е голем фаворит, а потоа ќе очекува сензација во Кисела Вода каде МЗТ Скопје гостува на Академија ФМП. Натпреварот меѓу Работнички и Гостивар се игра од 18 часот.


