Во очекување на исходот од прекинатиот дуел меѓу Чаир и МЗТ Скопје, Работнички вечерва ќе се обиде да ја оствари десеттата победа во низа во Првата лига и да се задржи во игра за челната позиција пред плејофот. Противник е Кожув кој се бори за опстанок, односно за пласман на осмата позиција, а натпреварот се игра во Кале од 18 часот.


