Со негатива од 0-2, ТФТ вечерва ќе го пречека актуелниот шампион на Македонија во надеж дека ќе успее да ја продолжи надежта за пласман во финалето и за прва титула во својата историја. Третиот дуел од полуфиналната серија меѓу градските ривали се игра од 19 часот во Кале.


