Новото коло од Првата македонска кошаркарска лига го отвораат екипите на Вардар и Пелистер. Двата тима се со различни амбиции, Вардар е во серија од 13 порази и се бори за опстанок, а Пелистер е во битка за горниот дел од табелата, односно што подобар пласман пред плејофот. Дуелот меѓу Вардар и Пелистер се игра во Кале од 17 часот.


