Тимот на Вардар е единствен без победа во досегашниот дел од Првата македонска кошаркарска лига и ќе се обиде лошата серија да ја прекине денеска. Задачата нема да биде воопшто лесна бидејќи противник е Работнички. Натпреварот се игра во малата сала во Кале од 14 часот.