Најголемите аспиранти за титулата во Првата женска кошаркарска лига Крива Паланка и Бадел ќе се сретнат веќе во второто коло од новата сезона. Тоа е реприза на финалето од минатата кампања со тоа што Бадел сега влегува како благ фаворит за победата и покрај тоа што е гостин. Натпреварот во Крива Паланка почнува во 18 часот.


