Македонскиот суперлигаш Пелистер вечерва го игра последниот натпревар во ФИБА Европа купот за оваа сезона. Битолчани ги загубија шансите за пласман во топ-16, а денеска ќе се обидат барем да го избегнат последното место во групата. Противник на Пелистер е кипарскиот Керавнос, а натпреварот почнува во 19 часот.


