Петтото коло од Суперлигата почнува денеска со три меча, а првиот од нив е дуелот меѓу Штип и Струмица. Домаќините ја бркаат првата победа во сезоната, додека Струмица гостува само два дена по големиот триумф против шампионот МЗТ Скопје. Натпреварот во Штип се игра од 17:30 часот.


