Екипата на Вардар вечерва ја има првата меч-топка за пласман во големото финале од домашното првенство. По изненадувачкиот триумф против Крива Паланка во саботата, денеска на домашен терен ќе се обиде да стигне до втора победа што ќе ѝ овозможи да се бори за титулата. Натпреварот меѓу Вардар и Крива Паланка почнува во 18:30 часот.


