Скопско-битолската спортска пресметка во два чина почнува со кошаркарскиот дуел. МЗТ Скопје ќе се обиде да ја прекине серијата од четири порази во мечот против Пелистер кој почнува во 14 часот. Натпреварот е прв за актуелниот шампион по разделбата со досегашниот тренер Васко Атанасов.


