Екипата на Војводина, предводена од македонскиот стручњак Владимир Мирковски, го освои првото место во групата Ф од АБА 2 лигата и покрај тоа што вечерва доживеа пораз на гостувањето кај Илирија со 81-86 по продолжение.
Уште пред две кола беше јасно дека тимот од Нови Сад ќе игра во полуфиналето од регионалното натпреварување, но денешниот дуел беше директен за првото место. Војводина во првиот меч со Илирија на домашен терен победи со 37 поени разлика и не беше реално словенечкиот претставник со идентична мера да возврати вечерва.
Во полуфиналето Војводина ќе игра против поранешниот европски шампион Босна, додека втората двојка ја сочинуваат Златибор и Илирија. Пласман во големото финале обезбедуваат екипите кои први ќе стигнат до две победи.


