Одамна е познато дека во Евролигата секој секого може да победи, но одамна не се случило речиси во исто време, двете водечки екипи на табелата да доживеат порази.
Лидерот Хапоел Тел Авив потоа во Олимписката арена во Атина и загуби од Панатинаикос со 82-93. Израелскиот тим беше подобар во првото полувреме, но ПАО се разигра во вториот дел, Џеди Осман почна да погодува и тие 20 минути Хапоел ги доби со 48-36. Нан со 19 и Осман со 17 поени го предводеа Панатинаикос, додека Тајлер Енис постигна 16 за Хапоел кој го доживеа петтиот пораз во сезоната.
Валенсија, која се наоѓа на второто место, загуби од вториот израелски тим во елитното друштво, Макаби со 82-85. „Гордоста на Израел“ ја оствари четвртата победа во низа и по лошиот старт на сезоната, успеа да влезе во фантастична форма. Дури, конечниот резултат на овој меч не е реален одраз на она што се случуваше бидејќи во финишот Макаби водеше со 85-73 пред Макаби да направи серија од 9-0 и со неа да го заврши натпреварот.
Барселона има шанса утре со евентуална шанса против Басконија да ја помине Валенсија и да се израмни со Хапоел на чело на табелата.
РЕЗУЛТАТИ
Макаби – Валенсија 85-82
Панатинаикос – Хапоел 93-82
Олимпија Милано – Фенербахче 72-87
Реал – Париз 95-90


