Првиот фаворит за титулата на Олимписките игри, САД обезбедија пласман во топ-8 од откако славеа убедлив триумф и во вториот меч во својата група.
Американците го победија Јужен Судан со 103-86 со што повторно ја надминаа границата од 100 поени. Очигледно беше дека кошаркарите на Стив Кер ја научиле лекцијата од подготвителниот меч против Јужен Судан кога едвај триумфираа, па вечерва уште од почетокот ги зедоа работите во свои раце. По првата четвртина резултатот беше 26-14, а на полувреме веќе имаа +19 (55-36). Во второто полувреме САД имаа и 22 поена предност, Јужен Судан во еден момент намали и на -10, но победата на првиот фаворит не беше доведена во прашање.
Бем Адебајо со 18 поени беше најефикасен кај Американците, додека во селекцијата на Јужен Судан, прв стрелец беше поранешниот играч на МЗТ Скопје, Нуни Омот.
Во последното коло, Јужен Судан против Србија ќе има директен дуел за второто место, додека САД без никаков притисок ќе се сретнат со Порторико.


