До пред неколку месеци, Ненад Костиќ и Един Авдиќ го сочинуваа најславниот кошаркарски коментаторски тандем и заеднички водеа еден куп големи натпревари во европската кошарка и НБА, плус студиска емисија на телевизијата Арена спорт.
Двоецот принудно беше раздвоен, а пред два дена регионот го потресе веста дека Авдиќ неочекувано починал. Костиќ денеска првпат коментираше натпревар по трагедијата, го водеше вториот финален меч од грчкиот плејоф, меѓу Панатинаикос и Олимпијакос.
Коментарот го почна крајно емотивно, се прости од својот, како што рече, повеќе од пријател. Не можеше да ги задржи солзите, па во неговиот глас најдобро можеше да се почувствува тага што ја носи во себе.


