Најдобриот кошаркар во македонската репрезентација Ненад Димитријевиќ одигра еден од своите најдобри натпревари во националниот дрес и има огромна заслуга за триумфот против Полска.
На теренот помина повеќе од 39 минути, а бројките зад неговото име се неверојатни. За тоа време постигна 32 поена, 8 скока и 8 асистенции и за него вчера и денеска пишуваат сите реномирани европски кошаркарски медиуми. Меѓу другото, со 32. постигнати поени против Полска, Димитријевиќ е најдобар стрелец во второто коло од квалификациите за Европското првенство.

Во гласањето на ФИБА, настапот на Димитријевиќ е оценет како најдобар од сите кои вчера излегоа на кошаркарските терени, во конкуренција на Мајк Калев Котсар од Естонија, Томаш Саторански од Чешка, Филип Петрушев од Србија и вториот македонски репрезентативец Итан Хап.

Од оние кои го одбележаа овој круг е и натурализираниот Македонец, Хап кој е најдобар „крадец“ со пет украдени топки, колку што има и Кендрик Пери од селекцијата на Црна Гора.


