Вечерва во Оклахома се игра „мајсторката“ од полуфиналето на Западот, меѓу домашниот тим и Денвер Нагетс по што ќе се знае кој ќе излезе на мегдан со Минесота Тимбервулфс.
Се очекува спектакуларен натпревар бидејќи станува збор за две извонредени екипи кои имаат капацитет дури и за освојување на шампионската титула оваа сезона. Легендарниот играч на Мајами Хит, Двејн Вејд во пресрет на мечот ги изнесе своите желби и посочи дека ќе навива за Оклахома.
„Ако сакаат да дојдат до финалето и да го кренат трофејот, мораат да поминат низ големи неволји. Ова им е потребно, сакам да ги видам како играат седми натпревар и како победуваат во него“, порача Вејд.
Седмиот натпревар се игра од 21:30 часот, во термин кој им одговара и на европските љубители на кошарката.


