Францускиот кошаркар Виктор Вембанјама претрпе повреда на коленото што првично сериозно ги загрижи навивачите на Сан Антонио и целата НБА лига.
Но, прогнозите веднаш по натпреварот покажуваат дека младата ѕвезда на Спарс, за разлика од Никола Јокиќ, поминал многу подобро. Вембанјама, центар висок 224 сантиметри, неодамна се врати во почетната постава на Сан Антонио по едномесечна пауза поради повреда на листот на левата нога, поради која пропушти 12 натпревари. По враќањето, прво играше како шести играч, но во дуелот против Јута Џез пред три дена, повторно се најде во стартната петорка и веднаш блесна со 32 поени, седум скока и пет блокади за 28 минути.
Victor Wembanyama: "Kendimi iyi hissediyorum, sadece biraz ağrım var. Oyuna dönmeye çok yakındım, beni zor tuttular… Sadece bir diz esnemesi. Kısa süreli bir durum olmalı"
— Son Tahlilde Spurs 🇹🇷 (@SpursTahlilde) January 1, 2026
Wemby'nin maçı yarıda bıraktığı pozisyon;
pic.twitter.com/dB6BECR0PF
Тој ја потврди својата одлична форма на новогодишната ноќ против Њујорк Никс. Постигна 31 поен за само 24 минути со исклучителни 10/12 од поле и 13 скока, но натпреварот го заврши рано, поради несреќниот пад. Французинот се повлече од теренот, со видлива гримаса од болка и се држеше за коленото. Падот и реакцијата веднаш потсетија на ситуацијата во која се најде Никола Јокиќ неодамна за време на натпреварот Денвер – Мајами, кога српскиот центар го повреди коленото на сличен начин. Во двата случаја, имаше стравувања од скинати лигаменти и пауза од неколку месеци.
Сепак, според информациите од инсајдерот на НБА, Шамс Чаранија, првичните прегледи покажаа дека Вембанјама, исто како и Јокиќ, претрпел хиперекстензија на коленото, без сериозни оштетувања. Ако се потврди оваа дијагноза, се очекува Французинот да може да се врати на теренот за неколку дена, што е многу поповолен исход во споредба со првичните стравувања. Дури, можно е тој да не пропушти ниеден натпревар и да биде во комбинација веќе на следниот меч.


