Францускиот кошаркар Виктор Вембањама потпиша нов петгодишен договор со Сан Антонио Спарс, вреден 252 милиони долари.
Францускиот центар можеше да заработи значително повеќе, но свесно го одби таканаречениот супермакс договор вреден 303 милиони долари за да му даде на клубот поголема финансиска флексибилност за да изгради тим способен да се бори за титулата во НБА. Со тоа Спарс имаат дополнителен буџетски простор за идни засилувања кои би му помогнале и на Вембанјама да ги оствари своите цели.
„Семејство на Спарс, останувам тука. Што и да е потребно“, напиша Вембанјама на социјалните мрежи.
Spurs family, I’m here to stay.
— Wemby (@wemby) July 10, 2026
Whatever it takes🖤
Раководителите на Сан Антонио отпатуваа во Париз за да ги финализираат преговорите со Вембанјама и неговиот тим за нов договор. Новиот договор претставува трето највредно продолжување на соработката за играч со договор за дебитант во историјата на НБА. Само Кејд Канингем од Детроит Пистонс и Еван Мобли од Кливленд Кавалирс добија повисоки договори.
Вембанјама има сезона од соништата и евентуалното освојување на титулата ќе беше јаготка на шлагот. Тој беше прогласен за најдобар дефанзивец во НБА, беше избран во Ол-стар тимот на НБА и го имаше своето второ последователно учество на Ол-стар натпреварот, овојпат како стартер.
Одигра 64 натпревари во регуларната сезона, со просек од 25 поени, 11,5 скока и 3,1 асистенција, заедно со 3,08 блокади и 1,03 украдени топки по натпревар. Освен тоа, стана само седмиот играч во историјата на НБА кој имал просек од најмалку 25 поени, 10 скока и три блокади по натпревар во една сезона.


