Секој тим во НБА поминува низ период на реорганизација и реструктурирање, а изгледа дека Сан Антонио Спарс конечно го помина тој период.
Ноќеска, тимот од Тексас славеше на домашен терен против Феникс со 101-100 и математички го обезбеди пласманот во плејофот. Тоа ќе биде прв настап за Спарс во разигрувањето за титулата по сезоната 2018/19, а во тимот се надеваат на првата победа во една плејоф серија по пауза од девет години, односно по 2017 кога екипата стигна до конференциското финале и таму загуби од Голден Стејт со 0-4.
WEMBY GAME WINNER 🔥🔥🔥
— Bleacher Report (@BleacherReport) March 20, 2026
SPURS WIN 101-100 BEHIND WEMBY'S 34 PTS 😤 pic.twitter.com/Odne8m6gna
Најзаслужен за победата против Феникс беше Виктор Вембанјама, не само поради тоа што постигна 34 поени и 12 скока, туку и бидејќи го погоди клучниот кош на нешто повеќе од една секунда пред крајот на натпреварот. Очигледно Французинот созреа и е подготвен да го врати Сан Антонио на шампионските патеки.
Покрај Спарс, пласман во плејофот веќе обезбеди и Оклахома, а до крајот на основниот дел овие две екипи ќе се борат за првото место во Западната конференција. Шампионот има предност од три победи на 12 меча до крајот.


