Еј Џеј Дибантса е избран од Вашингтон Визардс како прв избор на НБА драфтот во 2026 година.
Тој стана првиот играч на Визардс, избран како прв избор по легендата на франшизата Џон Вол, кој ја имаше таа чест во 2010 година. За време на неговата единствена сезона на БЈУ, Дибантса беше еден од најдобрите играчи во колеџ кошарката, со просек од 25,5 поени, 6,8 скока, 3,7 асистенции и 1,1 украдена топка по натпревар, со шут од игра од 51%.
The complete draft board for the First Round of the 2026 NBA Draft!
— NBA (@NBA) June 24, 2026
Which pick is your favorite? 🤔
Second Round: Wednesday, 8pm/et, ESPN pic.twitter.com/2WPdVnjBPu
Прогласен е за дебитант на сезоната Биг 12 конференцијата, беше член на идеалниот тим на НЦАА и ја освои престижната награда „Џулиус Ервинг“, која се доделува на најдобриот крилен играч во НЦАА лигата. Многу стручњаци го споредија стилот на игра на Дибантса со комбинација од Трејси Мекгрејди и Шеј Гилџес Александер.
Во Вашингтон, тој ќе им се придружи на играчи како Тре Јанг, Ентони Дејвис и Алекс Сар, во многу талентираниот состав на Визардс кој има амбиции да се вклучи во борбата за највисок пласман.
Дерин Петерсон од Универзитетот во Канзас е избран како втор пик. Тој беше меѓу кандидатите за прв избор, но на крајот заврши со Јута Џез. Иако многумина посакуваа и очекуваа Камерон Бузер да заврши со Чикаго Булс, тоа не се случи. Наместо тоа, тој беше избран со третиот избор од Мемфис Гризлис.
Кејлеб Вилсон од Универзитетот во Северна Каролина беше избран како четврти од Булс, а Китон Виглер е петти и ќе игра во Лос Анџелес Клиперс. Интересно е што меѓу првите осум избори се играчи кои имаа само една година на колеџ.
Во првата рунда од драфтот што се одржа ноќеска, има само тројца европки кошаркари: 12. пик Адај Мара од Шпанија кој е избран од Клиперс и трејдуван во Оклахома, потоа 14. пик Ханес Штајнбах од Шарлот Хорнетс и 25. пик Серхио де Лареа, избран од Лејкерс. Втората рунда ќе се одржи вечерва.


