Бразилскиот репрезентативец Јаго дос Сантос од денеска не е член на Црвена Звезда откако спогодбено го наапушти белградскиот клуб.
„Црвено-белите“ објавија дека договорот е раскинат по меѓусебна согласност и дека играчот повеќе нема никакви финансиски побарувања кон клубот. Неполн час подоцна Бразилецот потпиша за нов тим, Виртус Болоња и ќе игра таму до крајот на тековната сезона. Со оглед на повредата на Пајола, доаѓањето на Јаго ќе помогне во надминувањето на тешкиот период.
𝐇𝐄’𝐒 𝐇𝐄𝐑𝐄 🇧🇷
— Virtus Bologna (@VirtusBo) April 10, 2026
Yago Dos Santos è un nuovo giocatore dei Campioni d’Italia 🤍🖤 pic.twitter.com/5uoJ6xYeNF
Јаго ѝ се приклучи на Црвена Звезда од Улм во 2023 година и беше MVP на финалната серија од АБА лигата во сезоната 2023/24. Пред почетокот на оваа натпреварувачка кампања, тогашниот тренер Јанис Сферопулос објави дека не смета на него поради што Бразилецот не ги помина подготовките со тимот и замина во татковината, но поради проблемите на плејмејкерската позиција, дополнително беше повикан да помогне и остана досега.
Црвена Звезда има 20 победи и 16 порази и вечерва од 37. коло од Евролигата ќе го игра натпреварот против Асвел.


