Неколку неверојатни резултати се забележани на Европското јуниорско првенство што од петокот се одржува во Белград.
Откако во првото коло Литванија ја победи Македонија со 137-62, малку недостасуваше денеска да падне овој рекорд. Домаќинот Србија беше подобра селекцијата на Белгија со 106-36 и ја прати во борбата за опстанок, а себеси си обезбеди четвртфинале на Еуробаскетот. Можеби Србите ќе славеа и со повеќе од 75 разлика ако не го намалеа темпото во последната четвртина, единства во која Белгијците постигнаа двоцифрен број поени (13).
Денеска имаше уште една убедлива победа, Словенија ја победи Австрија со 44 разлика (101-57).


