Париз игра неверојатно добро на гостувањето кај Реал и на пат е уште еднаш да го шокира во Мадрид, но без разлика како ќе се заврши овој меч, ќе остане запамтено по забивањето на сезоната во Евролигата.
Автор е новата ѕвезда на францускиот тим Џеред Роден кој во финишот од првото полувреме го направи она што најголемиот дел од кошаркарите во Евролигата се плашат и да го помислат.
Крилниот играч на Париз се залета и заби преку 221-сантиметар високиот Валтер Таварес, постеризирајќи го џинот под кошот на Реал. Роден е дури 23 сантиметри понизок од репрезентативецот на Зеленортските Острови, но тоа не му пречеше да ја изведе атракцијата на сезоната.


