Освен што го освои првиот трофеј со Олимпија Милано, македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ дојде и до првото индивидуално признание откако е член на овој клуб.
Нашиот кошаркар е прогласен за МВП на Суперкупот на Италија, апсолутно заслужено ако се има предвид неговиот ефект во двата меча. На нив оствари просек од 15 поени, 3,5 асистенции и 3 скока со индекс 16.
Достигнувањето на Димитријевиќ дополнително добива на значење ако се имаат предвид големите ѕвезди кои играат во Олимпија Милано и Виртус.


