Најдобриот тим од основниот дел од сезоната Оклахома Сити Тандер е прв што обезбеди пласман во втората рунда од плејофот.
Синоќа Оклахома го победи Мемфис со 117-115 и со вкупни 4-0 отиде во следната фаза. Тоа значи дека овој тим ќе има најмалку една недела пауза бидејќи во втората рунда ќе се сретне со победникот од серијата меѓу Денвер и Клиперс, а таму резултатот е 2-2 и ќе се играат најмалку уште два натпревара.
Без повредениот Џа Морант, Мемфис даде силен отпор, но не беше способен да направи изненадување. Немаше одговор за канадската суперѕвезда Шеј Гилџес Александер кој постигна 38 поени со шут од игра 13/24 што е негов најефикасен меч во плејофот оваа сезона.
Во отсуство на Морант, кај Оклахома блеснаа Пипен со 30 поени и 11 скока и Алдама со 23 поени и 9 скока, но тоа не беше доволно за триумф на нивниот тим.


