На 80-годишна возраст, утринава почина Светислав Димовски, многу попознат како Славе „Срцка“, неизбежниот дел и незаменлив на спортските настани во главниот град.
Чичко Славе го знаеја љубителите на спортот во Скопје од повеќе генерации бидејќи околу половина век речиси да не можеше да се замисли натпревар во сала без неговото присуство. Тој се грижеше за хигиената и чистотата на терените, а со својата агилност секогаш го привлекуваше вниманието и симпатиите на присутните.
Последните натпревари на кои беше во ваква улога датираат од 2022 година, потоа се разболе и остави голема празнина кај оние на кои им беше при срцето.


