Искусниот македонски стручњак Заре Марковски не е повеќе тренер на италијанскиот прволигаш Пистоја, два месеца откако ја презеде функцијата во овој клуб.
Пистоја денеска објави дека соработката е прекината на обострано задоволство и клубот му се заблагодари на поранешниот селектор на македонската репрезентација. На негово место доаѓа словенечкиот стручњак Гашпер Окорн кој во исто време ќе продолжи да ја извршува и селекторската функција во унгарскиот национален тим. Екипата се наоѓа во серија од шест порази и тоа беше главна причина за прекинот на соработката меѓу Пистоја и Марковски.
Клубот соопшти дека ја почнала потребната процедура за регистрација на новиот тренер, но дека тој нема да ја води екипата на претстојниот меч од италијанското првенство против Бреша, в недела.


