Со ноќешните натпревари на турнирот во Сан Хуан, заврши групната фаза од олимписките квалификации и познати се двојки за полуфиналните дуели.
Најголем губитник е репрезентацијата на Црна Гора која извиси и е елиминирана, благодарение на изненадувачкиот триумф на Камерун против фаворитот Бразил. Сите три селекции во таа група завршија со биланс 1/1, но најслаба е Црна Гора која има кош разлика -5. Во последниот меч од турнирот во Порторико, домаќинот ја победи Италија со 80-69 и си обезбеди полесен противник во полуфиналето (Мексико) бидејќи „аѕурите“ ќе се сретнат со Литванија.
Завршните натпревари од турнирите се играат в сабота и в недела. Најинтересен дуел во полуфиналето ќе биде пресметката меѓу Словенија и Грција, но големо внимание ќе предизвика и мечот на Хрватска и Доминиканска Република.
ДВОЈКИ ЗА ПОЛУФИНАЛЕТО (06.07)
ТУРНИР ПИРЕЈА
Грција – Словенија
Хрватска – Доминиканска Република
ТУРНИР РИГА
Бразил – Филипини
Камерун – Летонија
ТУРНИР ВАЛЕНСИЈА
Бахами – Либан
Финска – Шпанија
ТУРНИР САН ХУАН
Италија – Литванија
Порторико – Мексико


