Атланта Хоукс доживеа пораз на гостувањето кај Њујорк Никс со 110-119, а српскиот репрезентативец Богдан Богдановиќ го заврши натпреварот со само еден постигнат поен.
Со тоа стави крај на спектакуларната серија по бројот на натпревари со барем една постигната тројка. Неговата низа траеше 110 меча и таа е петта најдолга во историјата на НБА лигата, а траеше речиси две години со оглед на тоа што Богдановиќ во меѓувреме пропушти и голем број натпревари.
На овој меч, Србинот во игра помина безмалју 15 минути и за тоа време упати четири шута за тројка, но не погоди ниеднаш. Навивачите на Атланта не беа задоволни од неговата игра и побараа тој да биде трејдуван зимава со оглед на тоа што се уште трае преодниот рок во НБА.


