Лигашката фаза од НБА заврши, сега претстои на најинтересниот дел од сезоната! Прво, ќе се игра плејинот, кој ќе ги одреди последните два учесника од двете конференции, а потоа следува најголемата забава – плејофот.
Ќе има само кратка пауза, бидејќи плејинот почнува ноќта помеѓу вторник и среда во 01:30 часот, кога ќе се сретнат деветтопласираниот Шарлот и десеттопласираниот Мајами. Истата вечер, од 4 часот по полноќ, ќе играат Феникс и Портланд.
Лос Анџелес Клиперс, како деветти тим на Западот, го пречекува Голден Стејт в четврток во 4 часот, додека Филаделфија и Орландо играат претходно. „Финалните“ дуели од плејинот, или поточно натпревари помеѓу поразените од дуелот на седмиот и осмиот тим и победниците од судирите на деветтиот и десеттиот, се закажани за ноќта од петок кон сабота.
Според распоредот на веб-страницата на НБА, плејофот започнува в сабота! Торонто на Први на терен излегуваат Кливленд и Торонто, а потоа Денвер и Минесота во реприза на серијата од пред две сезони. Тоа ќе биде една од двете серии кои ќе привлечат наголемо внимание во првото коло од плејофот, по дуелот меѓу Лос Анџелес Лејкерс и Хјустон.

Оклахома, Сан Антонио, Детроит и Бостон дополнително ќе ги дознаат своите ривали во осминафиналето, дури откако ќе се одигра плејинот.
РЕЗУЛТАТИ ОД ПОСЛЕДНИОТ ДЕН:
Бостон – Орландо 113-108
Кливленд – Вашингтон 130-117
Индијана – Детроит 121-133
Мајами – Атланта 143-117
Њујорк – Шарлот 96-110
Филаделфија – Милвоки 126-106
Торонто – Бруклин 136-101
Далас – Чикаго 149-128
Хјустон – Мемфис 132-101
Минесота – Њу Орлеанс 132-126
Оклахома – Финикс 103-135
Сан Антонио – Денвер 118-128
Лејкерс – Јута 131-107
Клиперс – Голден Стејт 115-110
Портланд – Сакраменто 122-110


