Екипата на Панатинаикос израмни на 1-1 во финалето од грчкиот кошаркарски плејоф откако вечерва на домашен терен славеше со 68-58.
Со ова заврши серијата од 18 победи на тимот од Пиреја кој пред две недели стана и европски шампион, а сега атакува и на трофејот во домашниот шампионат. Иако добро почна и во првата четвртина го задржа ПАО на само девет поени, Олимпијакос колабираше во третиот период кога беше уште послаб, постигнувајќи осум, па домашниот тим го искористи тоа за да направи висока предност која се покажа клучна за конечниот исход.
Олимпијакос до денеска имаше серија од 29 победи во домашниот шампионат, а во грчката кошарка, последниот пораз го доживеа во финалето од Купот, во февруари, токму од Панатинаикос.
Третиот натпревар од серијата се игра в понеделник на теренот на Олимпијакос, а шампион ќе биде екипата која прва ќе дојде до три победи.


