Најдобриот играч на Далас Маверикс последните два месеца Кајри Ирвинг нема да заигра повеќе оваа сезона откако синоќа против Сакраменто доживеа тешка повреда.
Прегледите покажаа дека се работи за една од најтешките можни повреди за спортистите, скинат преден вкрстен лигамент поради што му претстои повеќемесечна пауза, можеби дури и до почетокот на идната сезона. Ирвинг игра одлично оваа сезона и просечно бележеше по 24,7 поени, 4,8 скока и 4,6 асистенции по натпревар.
Прашање е дали и како Далас ќе се извади од овој проблем бидејќи Џејсон Кид не може да смета ни на Ентони Дејвис. Екипата во моментов се наоѓа на десеттото место во Западната конференција и само чудо може да ја однесе во плејофот, а за ппвторување на успехот од лани, кога стигна во финалето, воопшто не станува збор.


