Евролига денеска го одреди домаќинот на Ф4 за претстојната сезона, а честа ја доби Атина која првпат по 18 години ќе ги нагости најдобрите четири екипи од континентот.
Менаџментот на Евролига долго време ги разгледуваше апликациите, два пати ја одложи конечната одлука, но на крајот реши во корист на грчката престолнина. Во конкуренција беше и Белград, се шпекулираше дека во трката сака да влезе и Валенсија која ја отвора најмодерната арена во Европа, но сепак на крајот „славеше“ Атина.
Според специјализираните кошаркарски портали низ Европа, понудата што ја доставила Атина е најбогата последните години, се шпекулира со дури осум милиони евра. Натпреварите ќе се играат во Олимписката арена (ОАКА), а покрај 2007, Атина беше домаќин на Ф4 и во 1993 година, но тогаш во арената „Мир и пријателство“ во Пиреја и титулата ја освои Лимож.


