Македонскиот репрезентативец Лејсон Зеќири ќе остане во косовското првенство уште една година откако денеска го продолжи договорот со Башкими.
Таму дојде пред крајот на 2023 година, но брзо ги демонстрираше своите квалитети и покажа дека станува збор за одличен играч. На 16 настапи во дресот на Башкими, Зеќири просечно постигнуваше 15,4 поени со што е втор стрелец во својот тим и имаше индекс 15,2, трет во составот на Башкими.
Косовскиот прволигаш претходната сезона беше предводен од селекторот на македонската репрезентација Александар Јончевски чиј договор истече и неизвесно е дали соработката ќе биде продолжена.


