Помладите јуниорки претходните три дена учествуваа на меѓународен турнир во Букурешт и оставија добар впечаток.
Женската У17 репрезентација го освои второто место во конкуренција на четири селекции со биланс од две победи и еден пораз. Ги совлада Молдавија со 95-27 и Романија (жолти) со 93-26, а загуби од Романија (сини) со 27-58. Сите кошаркарки добија шанса од селекторот Виктор Петровски, а дел од нив ќе бидат на поширокиот список на јуниорската репрезентација која летово ќе настапи на У18 Европското првенство Б-дивизија.
Машката У17 селекција немаше таков успех во Букурешт бидејќи загуби на сите три одиграни натпревари.


