Валенсија ја победи Барселона како домаќин во вториот натпревар од финалната серија на шпанското првенство со резултат 102-75 и израмни на 1-1, откако Барселона го доби првиот натпревар во спектакуларно продолжение.
По двата натпревара одиграни на „Рог Арена“, следните два се закажани на „Блауграна“. Најзаслужни за триумфот на тимот предводен од Педро Мартинез беа плејмејкерот Жан Монтеро (19 поени, 5 скока, 6 асистенции) и крилниот центар Брекстон Ки (15 поени, 6 скока, 2 асистенции).
Се истакнаа и македонскиот репрезентативец Омари Мур (11 поени), центрите Хаиме Прадиља (10 поени, 7 скока, 3 асистенции), Јанкуба Сима (9 поени, 4 скока) и Мет Костело (8 поени, 3 скока) и бековите Серхио Де Лареха (10 поени) и Бранко Бадио (7 поени, 2 скока и 2 асистенции).
Најдобри поединци во тимот на Барселона беа крилниот центар Жоел Пара (16 поени, 3 скока), плејмејкерот Нико Лапровитола (14 поени, 4 асистенции) и бекот Дарио Бризуела (10 поени, 4 скока, 5 асистенции).
Третиот натпревар од серијата е закажан за недела, а Барселона ќе ја освои титулата ако слави на двата меча.


