Најтрофејниот литвански клуб Жалгирис губи со 0-2 во финалната серија од домашното првенство и мора да слави во следните три меча за да ја одбрани титулата.
Во вториот натпревар од финалето, Ритас славеше со 104-94 по продолжение и е во исклучително добра ситуација кога станува збор за борбата за трофејот. Жалгирис денеска ги контролираше играта и резултатот до финишот од третата четвртина, водеше и со 12 поени разлика, а потоа се се смени. Со серија од 12-0, Ритас го сврте резултатот во своја корист за во финишот од мечот да се спаси од пораз и да се избори за продолжение. Во последните секунди, при резултат 87-87, Жалгирис бараше лична грешка врз Улановас, која впечаток е дека ја имаше, но судиите не се огласија.
Дополнителните пет минути ги отвори со серија од 5-0, подоцна поведе со 101-93 и со тоа ги уништи надежите на Жалгирис дека може да дојде до победа на овој меч. Третиот натпревар од финалето се игра в недела во Жалгирио арената.


