Легендарниот српски кошаркар Жарко Паспаљ во текот на викендот бил итно хоспитализиран и опериран, објавија денеска медиумите кај нашиот северен сосед.
Тој требало да биде гостин на годишната церемонија на порталот Газета, но место тоа е примен во една белградска клиника поради аритмија. Во текот на денешниот ден е извршена операција на срцето, а Паспаљ во моментов се наоѓа на интензивна нега и надвор од животна опасност.
Тој досега имаше два срцеви удари, но ги преживеа без поголеми последици, а во 2017 година имаше и мозочен удар.


